Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Виена: впечатлива книжевна вечер „Светлина зад невидливиот град“

.

605 elona culiqНа 19. февруари поетесата Eлона Кулиќ од Албанија и австриската авторка Aндреа Грил во Виена ги восхитија посетителите на книжевната вечер „Светлина зад невидливиот град“. Пред полна сала двете гостинки во многу пријатна атмосфера и со перформативни елементи прочитааа делови од нивните писма меѓу Скадар и Виена и избор од нивните песни. А за време на паузите Мари Орсини-Роенберг свиреше на виолончело.

Печати

Конкурс: Грантови за преводи на српска книжевност на германски јазик

.

517 mikМинистерството за култура на Србија и оваа година поддржува издавање на преводи на репрезентативни дела од српската книжевност на германски јазик. Издавачките куќи заинтересирани за српска книжевност и култура до 16. март може да се пријават во рамките на соодветниот конкурс за целосно или делумно финансирање на еден проект за превод.

Печати

Зора дел Буоно го користи резиденцијалниот престој во Сплит за истражувања за Ел Шат

.

602 zora del buonoШвајцарската писателка Зора дел Буоно од октомври до ноември четири недели гостуваше во Сплит како стипендистка на резиденцијалната поддржана од ТРАДУКИ „Марко Марулиќ“. Таа го искористи престојот во организација на здружението KУРС за да се нурне во културниот живот на градот, да оствари нови контакти и да собере информации за работата на нејзината нова книга за комплексот бегалски камп Ел Шат во кој од 1944 до 1946 година беа сместени евакуираните граѓани-бегалци од Далмација.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d