Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Александер Моиси и уметноста на совршеното умирање – читачко патување низ Косово

.

618 moissiОткако биографијата Moissi. Triest, Berlin, New York. Eine Schauspielerlegende на новинарот Ридигер Шапер за актерската „супер ѕвезда“ на раниот ХХ век Александер Моиси, објавена во 2000 година во берлинската издавачка куќа Аргон, сега излезе и на албански јазик во превод на Фериде Бериша во издавачката куќа ПА Приштина, авторот го започна читачкото патување низ Косово поддржано од ТРАДУКИ.

Печати

Средба на партнерите на ТРАДУКИ во Црна Гора

.

615 montenegroОд 23.-25. април  партнерите на мрежата ТРАДУКИ се сретнаа на својата редовна средба во Подгорица и Цетиње. На седницата за програмата комисијата одговорна за програмата  на ТРАДУКИ одлучи да поддржи 45 нови преводи, кои ќе бидат објавени во текот на 2018 и 2019 година.

Печати

Гостување на белградскиот писател Мирослав Чурчиќ во „Tirana in Between“

.

614 miroslav curcicКако прв гостин на овогодишната резиденцијална програма „Tirana in Between“ во март во албанскиот главен град престојуваше белградскиот писател Mирослав Чурчиќ. За време на својот престој тој учествуваше во културниот живот на Тирана, отпатува во повеќе градови и оствари контакти со преведувачи и уметници на лице место. Своите впечатоци ги запиша во своите патеписи и книгата со фотографии.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d