Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

За “женската книжевност” и бегството од реалноста: 9. издание на литературниот фестивал ФИЛБ во Букурешт

.

510 filbОд 8. до 9. декември во Букурешт по деветти пат по ред се одржа меѓународниот книжевен фестивал ФИЛБ. За поимот „женската книжевност“ на првата фестивалска вечер продискутираа француската гостинка Ирина Теодорешку како и Вероника Д. Никулешку, Лавинија Бранисте и Ирина Георгешку во разговор со новинарката за култура Михаела Дедеоглу. Втората вечер беше посветена на бегството од реалноста. Под модерција на новинарката за култура Овидиу Симонка  Јан Конефке од Германија, како и Влад Зограф, Марин Малаичу Хондрари и Тудор Ганеа трагаа по одговори на прашањето, што се случува со „стариот добар реализам“.

Печати

Конкурс за театарскиот фестивал „ODYSEE EUROPA“ во Бремерхафен

.

508 bremerhavenГрадскиот театар Бремерхавен за меѓународниот театарски фестивал „ODYSEE EUROPA“ од 7. -11. јуни 2017 година распишува конкурс за инсценирања или перформанси од професионални театарски уметници од Белгија, Бугарија, Полска, Португалија и Турција. Рокот за пријавување: 31.01.2017 година.

Печати

Конкурс: Меѓународна преведувачка работилница во Милхајм

.

507 muelheimГерманскиот центар на Меѓународниот институт за театар заедно со милхајмскиот фестивал "Штике" поканува на работилница од 12. до 21. мај 2017 година професионални преведувачи на драмски дела  на германско-јазични драмски дела. Во фокусот е конкретната работа на избрани текстови. Придружно ќе се одржат манифестации, кои треба да придонесат за подобро разбирање на културното  и политичко милје на пиесите и на современиот германски театар. Рокот за пријавување е: 10. февруари 2017 година.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d