Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Романскиот писател и перформанс-уметник - Жан-Лорин Штериан во Белград

.

487 sterianПисателот, театарскиот и перфоманс-уметник Жан-Лорин Штериан во септември еден месец гостуваше во резиденцијалната програма во куќата за автори на КРОКОДИЛ. Својот престој пред сè го искористи за истражување за една збирка есеи и за работа на неговиот докторат. Се сретна со низа уметници, организатори и актери од независната уметничка сцена. Меѓу другите и со писателот и перформанс-музичар Ѓорѓе Бранковиќ, со организаторката и директорка на фестивалот за современ танц „Конденц“ Маријана Цветковиќ и боди арт уметницата Марина Марковиќ. На крајот од својот престој во Србија Жан-Лорин Штериан замина понатаму за Загреб, каде што ја продолжи неговата работа во рамките на една стипендија за престој на Музејот за современа уметност.

Печати

Млад гостин од Словенија: Муанис Синановиќ во Сараево

.

485 sinanovicСтипендиите за престој се особено добра прилика за младите писатели, да го претстават своето дело пред пошироката публика и да изнајдат патишта за превод и публикација на своите текстови. Во Сараево оваа година П.E.Н.-Центарот на Босна и Херцеговина како последен стипендист во резиденцијалната програма му посака добредојде на словенечкиот писател од подмладокот Муанис Синановиќ.

Печати

KaLibar bestival 2016

.

484 kalibarСо поддршка од ТРАДУКИ и понатамошни партнери здружението на писатели ЗаПис во Задар го организира книжевниот фестивал KaLibar bestival 2016. Од 15. до 17. септември писатели од разни градови на Хрватска, како и автори-гости од Србија и Босна и Херцеговина зедоа учество на книжевните манифестации во приморскиот град. Програмата ја заокружија една изложба, музички вечери и една филмска проекција. Организаторите најпрвин ја доделија наградата „Post scriptum“ за книжевност во социјалните мрежи, со која оваа година беше овенчан Хрвоје Марко Перузовиќ.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d