4 земји 1 јазик: Во недела во Белград почнува 62. Меѓународен саем на книгата
На 22. октомври во Белград почнува 62. Меѓународен саем на книгата, чија овогодишна програма 4 земји 1 јазик беше конципирана и дизајнирана од ТРАДУКИ под водство на Хана Стојиќ. Како почесен гостин наместо една земја овој пат ќе се претстави еден јазик, и така до 29. октомври во фокусот на Белрадскиот саем на книгата ќе биде германскиот јазик.