Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Белградска програма Writer-in-Residence „Куча за писце“

.

535 krokodilСвојата овогодишна резиденцијална програма здружението КРОКОДИЛ ја стартуваше со тројца писатели, кои со поддршка на ТРАДУКИ по четири недели престојуваа во куќата за автори „Куча за писце“, за да работат на своите нови манускрипти и да им се претстават на читателите во Србија.

Печати

„Tirana in Between“: Даим Мифтари

.

538 miftari smallКако прв гостин овогодинешната резиденцијална програма“Tirana in Between” поддржана од ТРАДУКИ Поетека во април го поздрави албанскиот поет Даим Мифтари од Македонија. За време на неговиот престој тој стана дел од културниот живот на Тирана. Студенти од факултетот за драмски уметности интерпретираа негова поезија. Заедно со Аријан Лека, којшто предава на уметничкиот универзитет, тој одржа две предавања за културниот идентитет на Албанците кој ги надминува границите во коишто живеат.

Печати

„Отаде носталгијата и прокобата. Што остана од Титовата Југославија?“

.

526 titoПовеќе од 130 слушатели во Виена ја проследија поканата за презентацијата на биографијата за Тито Tito in tovariši на словенечкиот историчар Јоже Пирјевец. Под насловот „Отаде носталгијата и прокобата. Што остана од Титовата Југославија? Гостите на подиумската дискусија продискутираа за тоа што е она што го одликуваше Тито, зошто до ден денес многумина го почитувааат, а многумина го прокобуваат и што е она што го разликуваше од владетелите во негово време. Притоа, особено беа тематизирани неговите односи со земјите од третиот свет и дефицитарното справување со минатото во однос на Втората Светска војна. Промоцијата на книгата и дискусијата беше организирна од КултурКонтакт Австрија во рамките на ТРАДУКИ во соработка со Австрискиот институт за меѓународна политика (oiip).

партнери на проектот

traduki partners 2014 d