Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Резиденцијална програма Сараево: Авторски разговор со Петар Андоновски

.

558 andonovskiВо јуни младиот македонски автор Петар Андоновски гостуваше во Сараево. Во рамките на резиденцијалната програма за писатели и преведувачи тој четири недели престојуваше и работеше во главниот град н Босна и Херцеговина. На 21. јуни ѝ се претстави на публиката во еден авторски разговор со Aхмед Буриќ и раскажа за почетоците на неговата работа, за објавувањето на неговата прва книга, како и за местото на книжевноста во македонското општество.

Печати

Поетесата Љуљета Љешњаку како Writer-in-Residence во Приштина

.

557 pristinaКако гостинка во резиденцијалната програма “Prishtina has no river” албанската поетеса Љуљета Љешњаку престојуваше во авторскиот стан во главниот град на Косово. Во галеријата Моне на 21. јуни читаше од нејзините песни и зеде учество на дискусијата по тоа, во модерација на Агрон Бајрами.

Печати

На есен почнува нова резиденцијална програма во Цетиње – рокот за пријавување: 10 август

.

555 cetinjeСо „Книжевната резиденција во Цетиње – писатели во историскиот главен град“ се проширува понудата на резиденцијалните програми поддржани од ТРАДУКИ. На заинтересираните автори и преведувачи од Југоисточна Европа со тоа им се нуди можност сега да се пријават за престој и во Црна Гора. Во соработка со ТРАДУКИ издавачката куќа Oтворени културни форум (OKФ) распиша три стипендии за месеците септември, октомври и ноември. Рокот за пријавување е 10. август 2017 година.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d