Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Распишани нови стипендии за резиденцијален престој во Ново Место

.

527 novo mestoИздавачката куќа Гога во кооперација со ТРАДУКИ распиша три нови резиденцијални стипендии за 2017 година во словенечкото Ново Место, коишто ќе се реализираат во соработка со словенечката Агенција за книги ЈАК и понатамошни институции на лице место од септември. За нив може да се пријавуваат писатели и преведувачи од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Романија, Србија, Хрватска и Црна Гора. Рокот за пријавување е 30.05.2017 година.

Печати

Летово започнува новата резиденцијална програма на ТРАДУКИ во Софија

.

531 next pageДо15. јуни писатели и преведувачи може да се пријавуваат за едномесечен престој во куќата за книжевност и превод во Софија. Во соработка со ТРАДУКИ Next Page Foundation таму ќе започне нова резиденцијална програма со цел интензивирање на книжевната размена во рамките на Југоисточна Европа и меѓу Југоисточна Европа и германско-јазичниот простор. Стипендијата нуди можност за концентрирана работа на еден писателски или преведувачки проект, за користење на библиотеките и центрите за истражување, за воспоставување контакти, за нурнување во културниот живот во Софија и за претставување пред бугарската публика.

Печати

Награда „Фабјан Хафнер“ за извонреден превод (германски-словенечки јазик)

.

530 ausschreibungГете Институтот во соработка со Литературниот колоквиум Берлин (ЛЦБ) за прв пат ја презентира наградата „Фабјан Хафнер“, која го одликува најдобриот преведувач од германски на словенечки јазик и обратно. Во 2017 година наградата ќе биде доделена за извонреден превод од германски на словенечки јазик, а во 2018 година за извонреден превод од словенечки на германски јазик. Наградата е наречена по за Словенија многу значајниот преведувач, поет и книжевен теоретичар Фабјан Хафнер (1966–2016) и вклучува едномесечна стипендија во Литературниот колоквиум Берлин. Рокот за пријавување е: 30. јуни 2017 година.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d