Отворен фестивалот на куса проза "Кикинда Short" Печати
kikinda_short
На 29. јуни 2010 год. во Србија започна петтиот фестивал на куса проза "Kикинда Short" , исто така со поддршка на ТРАДУКИ: до сабота, 03. јули 25 автори ќе се претстават на 17 јазици со свои прилози од по пет минути.
"Kикинда Short" –  програма
 
"Tрибина Традуки" - разговор со Букарски и Баришиќ Печати
split_tribina_juni
На 16. јуни 2010 год. во Сплит се одржа втората литературна вечер од низата  "Tрибина Традуки". На неа гостуваа македонскиот писател и блогер Александар Букарски, моменталниот стипендист во резиденцијалната програма "Maрко Марулиќ", и писателот Жељко Баришиќ. Меѓу слушателите беа повеќе блогери од Сплит и членови на Македонско-хрватското друштво.
Повеќе...
 
КРОКОДИЛ ‒ книжевна средба против здодевноста и летаргијата Печати
belgrad_krokodil_2010
Плакатот од манифестацијата
И оваа година ТРАДУКИ повторно го поддржа фестивалот КРОКОДИЛ – регионалната средба против здодевноста и летаргијата, којшто се одржа од 10. до12. јуни 2010  год. во Белград. Целта на фестивалот е на публиката да ѝ ги претстави најдобрите писатели од просторот на поранешна Југославија.
Повеќе...
 
Стартување на програмата Translator-in-Residence во Сараево Печати
sarajevo
Сараево, Босна и Херцеговина
Шест преведувачки од југоисточна Европа на 14. јуни допатуваа во Сараево, за да учествуваат на новата програма Translator-in-Residence, иницирана од страна на ТРАДУКИ и Гете Институтот во Босна и Херцеговина.
Повеќе...
 
Алекс Букарски нов стипендист во Сплит Печати
split_bukarski
Како втор стипендист во програмата Writer-in-Residence "Maрко Марулиќ" во Сплит пристигна македонскиот писател и колумнист Алекс Букарски, каде што до 27. јуни ќе има можност да добие увид во сплитската културна сцена и да размени искуства со писатели и театарски уметници на лице место.
Повеќе...
 
Гостување на поети од Германија на хрватскиот поетски фестивал "Горанова пролет" Печати
split_proljece
Четворица значајни поети - Урс Алеман, Ан Котен, Арнфрид Астел и Ханс Тил - во рамките на најголемиот хрватски поетски фестивал "Горанова пролет" крајот на мај читаа од антологијата "Kонцерт за мраз. Песни од Хрватска".
Повеќе...
 
Промоција на книгата ,,Приказна за патувањето со воз" во Загреб и Ријека Печати
povijest_putovanja
Промоцијата на книгата во Ријека
Во април во Загреб и Ријека беше промовирана книгата ,,Приказна за патувањето со воз" од Волфганг Шивелбуш. Преводот на хрватски јазик под наслов ,,Povijest putovanja željeznicom" излезе во издание на загрепската издавачка куќа Љевак. За книгата говореа: преведувачот Борис Периќ, д-р Томислав Плетенац од Филозофскиот факултет во Загреб и филозофот и историчар Снежан Хаснаш. Волфганг Шивелбуш е роден 1941 год. студирал книжевност, филозофија и социологија во Франкфурт на Мајна, а од 1973 год. живее како слободен писател во Њу Јорк и Берлин.
Повеќе...
 
Гостување на Инго Шулце во Скопје Печати
schulze_ingo
Инго Шулце
Инго Шулце на 3. и 4. јуни ќе чита во Скопје, Македонија. Повод за неговото гостување се македонските преводи на збирката раскази ,,Мобилен" и на романот ,,Адам и Евелин", објавени во 2009 и 2010 год. Организатор на читањата е издавачката куќа ,,Блесок" во соработка со Гете Институтот и со пријателската поддршка на Германско-македонското друштво и фондацијата Роберт Бош. Благодарение на финансиската поддршка на ТРАДУКИ Инго Шулце досега е преведен на албански, македонски и српски јазик.
Повеќе...
 
Бела ноќ на книжевноста: Хрватска Печати
fellbach_sommer_2010
На 08. мај бројни гости ја посетија винаријата Фелбах за да ги понесат приказните од Хрватска за Хрватска.  Во овој особен амбиент од своите дела читаа двајца хрватски и двајца германско-хрватски автори: Eдо Поповиќ, Роман Симиќ, Jагода Мариниќ и Никол Љубиќ.
Повеќе...
 
Подиумска дискусија во рамките на манифестацијата ,,Денови на книжевноста во Солотурн" Печати
solothurn
И големите читатели почнуваат од ништо...
Во рамките на  манифестацијата ,,Денови на книжевноста во Солотурн" со поддршка на ТРАДУКИ се одржа подиумската дискусија "Југоисточна Европа кон југо-запад", на која петмина преведувачи од југоисточна Европа говореа за рецепцијата на книжевноста од германско-јазично подрачје во нивните земји.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 Следно > Крај >>